Slider

Вести

Range Rover Evoque е избран за премиум кросовер на годината во Велика Британија

Slider

Вкупно 29 автомобилски новинари предводени од Мет Вотсон од „Carwow“ ги доделија наградите за Најдобар британски автомобил за 2020 година, а Evoque e прогласен за најдобар премиум кросовер

13/02/2020

Range Rover Evoque постигнува одлични продажни резултати со својата втора генерација, но истовремено ги воодушевува и специјализираните жирија составени за доделување на автомобилските признанија.

Откако беше прогласен за женски SUV автомобил за 2019 година, а во меѓувреме победи и во изборот на над 100.000 читатели на германскиот магазин „Auto motor und Sport“ за најдобар увозен компактен SUV, Range Rover Evoque освои важно признание и на британска територија.

Вкупно 29 автомобилски новинари предводени од Мет Вотсон од „Carwow“ ги доделија наградите за Најдобар британски автомобил за 2020 година, а Evoque e прогласен за најдобар премиум кросовер, признание кое му е доделено во навистина силна конкуренција меѓу најеминентните премиум производители.

Успехот на новиот Evoque e важен и за брендот, бидејќи Range Rover претходно го доби ова признание со RR Sport во 2014 година.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider