Стории
Range Rover Evoque е SUV шампион во задржување на вредноста
Range Rover Evoque е на врвот не само меѓу компактните SUV модели, туку има подобар резултат и од помалите, и поважно, поголемите и поскапи модели како BMW X5
Новата генерација на Range Rover Evoque веќе доби многу престижни награди и ги исполнува продажните проекции на производителот, а експертите на германски „Schwacke“ (Шваке), упатија уште еден сериозен комплимент за авангардниот SUV.
Секоја година „Schwacke“ прави ранкинг на моделите за кои неговите експерти проценуваат дека ќе имаат најголема повратна вредност или ќе задржат најголем процент од вредноста по четири години користење.
Тоа е важен елемент при инвестицијата во автомобил кој по одреден број години ќе може да се активира на пазарот на користени автомобили, а за сопственикот е битно колку од почетната инвестиција ќе задржи во тој период.
Во ситуација кога SUV сегментот доминира и за ваков тип автомобил се решаваат двајца од секои пет купени автомобили во Европа, јасно е зошто го потенцираме сегментот во кој „Schwacke“ ја проценуваше повратната вредност во три подсегменти.
Range Rover Evoque е на врвот не само меѓу компактните SUV модели, туку има подобар резултат и од помалите, и поважно, поголемите и поскапи модели како BMW X5.
Со задржана вредност од 64,99% по четири години, Evoque како предводник на SUV сегментот забележа и најголем процент на повратна вредност и во однос на победниците во другите сегменти.
Модели со најголема повратна (задржана) вредност во компакт SUV сегментот
Модел |
Задржана вредност |
Продажна цена |
Загубена вредност |
Range Rover Evoque P250 | 64,99% | 70.245 евра |
24.593 евра |
Skoda Kodiaq 2.0 TSI 4×4 DSG |
60,77% | 48.705 евра |
19.107 евра |
Toyota RAV4 2.5 Hybrid 4×2 | 59,39% | 48.160 евра |
19.558 евра |
Модели со најголема повратна (задржана) вредност меѓу големи SUV модели
Модел |
Задржана вредност |
Продажна цена |
Загубена вредност |
BMW X5 xDrive 25d |
58,20% |
83.720 евра |
34.807 евра |
VW Touareg 3.0 V6 TDI |
57,82% |
76.355 евра |
32.207 евра |
Audi Q7 50 TDI quattro | 55,03% |
91.405 евра |
41.105 евра |