Вести

Range Rover Evoque избран за најдобар компактен SUV од читателите на „Auto Motor und Sport“

Новата генерација на Range Rover Evoque освоила најмногу гласови во изборот за најдобар компактен SUV од увозен бренд, при што атрактивниот Evoque го добил гласот на 9,6 проценти од 102.974 учесници во одредувањето на најдобрите автомобили на германскиот пазар

06/02/2020

Над 100.000 читатели на специјализираниот германски магазин „Auto Motor und Sport“ учествувале во гласањето во изборот „Best Cars 2020“ или ги избрале најдобрите автомобили за актуелната 2020 година.

Магазинот номинираше голем број модели кои ги исполнуваа условите во вкупно 11 класи, а објавени се најдобрите поделени на домашни и увозни модели.

Новата генерација на Range Rover Evoque освоила најмногу гласови во изборот за најдобар компактен SUV од увозен бренд, при што атрактивниот Evoque го добил гласот на 9,6 проценти од 102.974 учесници во одредувањето на најдобрите автомобили на германскиот пазар.

За производителот ова е посебно важно признание поради фактот што Германија е најголем европски пазар на нови автомобили, па и бројките од продажбата имаат големо влијание врз целокупниот годишен резултат. Од друга страна, победата добиена со учество на толку голем број автомобилски фанови покажува дека новата генерација на Evoque ќе ја задржи популарноста на својот претходник.

Во оваа конкуренција, Range Rover Evoque зад себе ги оставил Suzuki Jimny (8,3%), Škoda Karoq (7,8%), Jaguar E-Pace (7,2%) и Volvo XC40 (7,2%).

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider