Slider

Новитети

Range Rover Sport доби три дизел изведби со 48V технологија и атрактивна SVR Carbon Edition

Slider

Освежување во понудата на Range Rover Sport ќе биде SVR Carbon Edition изведбата, кој се наметнува со карбонфибер деталите на екстериерот и посебно на предниот дел, добива специјално дизајнирани 22-инчни тркала, а сето тоа со моќен погон кој обезбедува 575 кс

16/07/2020

Range Rover Sport останува еден од најпопуларните луксузни SUV модели, неговите перформанси и натаму се предизвик за возачите, кои истовремено добиваат и оф-роуд сигурност меѓу најистакнатите адути на моделот.

Британскиот бренд постојано ги надградува квалитетите на Range Rover Sport, a во најновиот „апдејт“ се вклучени Ingenium дизел мотори кои користат 48V технологија, како и неколку специјални изведби, меѓу кои и највпечатливата SVR Carbon Edition.

Понудата на дизел мотори и натаму е посебно популарна кај купувачите на Range Rover Sport, па затоа и производителот реши да го понуди 3.0-литарскиот мотор со шест цилиндри како благ хибрид, со што ќе биде намалена и потрошувачката и Co2 емисијата.

Оваа погонска единица е достапна во три варијации, со моќност меѓу 249 и 350 коњски сили. Возачите кои сакаат да стигнат до посилна доза електрификација, на располагање ја имаат плаг-ин хибрид изведбата P400, која подразбира електрична автономија од 41 километар.

Освежување во понудата на Range Rover Sport ќе биде SVR Carbon Edition изведбата, кој се наметнува со карбонфибер деталите на екстериерот и посебно на предниот дел, добива специјално дизајнирани 22-инчни тркала, а сето тоа со моќен погон кој обезбедува 575 коњски сили.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider