Slider

Новитети

Range Rover Velar доби нови мотори и технологија, како и PHEV изведба

Slider

Velar вози во својата прва генерација и со својата појава претставува еден од најпривлечните премиум SUV модели во понудата, а сега е најавена и надградената верзија која ќе напредува во повеќе елементи

23/09/2020

Британското аристократско семејство на Jaguar Land Rover продолжи да се подновува, а сега на ред дојде Range Rover Velar, кој доби соодветни освежувања по неколку години на пазарот.

Velar вози во својата прва генерација и со својата појава претставува еден од најпривлечните премиум SUV модели во понудата, а сега е најавена и надградената верзија која ќе напредува во повеќе елементи.

Неговиот дизајн останува трендовски и свеж, па не изненадува што дизајнерите се решија само да ја зголемат понудата на бои и дизајни на тркалата.

Од друга страна, производителот го истакнува Pivi, односно Pivi Pro инфо-забавниот систем, кој е најнапредната технолошка платформа на JLR во овој сегмент и дебитираше со новиот Defender, a неговите предиспозиции одлично ќе се вклопат во луксузниот кокпит на Velar.

Во амбиентот се вклопуваат и 10-инчните екрани, 12-инчната дигиталната инструмент табла, новата команда за избор на режим на возење, филтрацијата и јонизацијата на воздухот во кабината, како и системот за неутрализација на бучавата кој веќе го добија и другите освежени модели на групацијата.

Купувачите на Range Rover Velar во иднина ќе можат да се одлучат и за плаг-ин хибрид изведбата P400e, која располага со 404 коњски сили (PS) и автономија на електричен погон до 53 километри.

Она што е подеднакво важно е понудата на нови Ingenium мотори со шест цилиндри, па заедно со 48V технологијата која ги претвора во благи хибриди, тие се истакнуваат со своите перформанси.

Дизел изведбата D300 со 300 коњски сили (PS) обезбедува и вртежен момент од 650 Nm, а тука e и бензинецот со 400 кс (PS), кај кој максималниот вртежен момент достигнува 550 Nm.

Подостапната дизел изведба D200 исто така користи 48V технологија, веројатно ќе ги замени досегашните D180 и D240, а ќе понуди подобри перформанси и помала потрошувачка и Co2 емисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider