Slide

Вести

Растот на производството во VW, Nissan и Skoda ги зголеми продажбите во сегментот на мали SUV возила

Slide

Најголем раст во сегментот има Nissan Qashqai, кој се искачи на четвртото место по растот од 61%.

11/04/2023

Компактните кросовери ги надминаа моделите од Б сегментот, со што станаа втор најпродаван сегмент, по оној на малите SUV модели.

Овој тренд е резултат и на зголеменото производство на дел од групациите, како и лансирањето на нови модели во сегментот.

Во Европа, во првите два месеца од годината се продадоа 257,131 компактни кросовери, што е за четвртина повеќе споредено со истиот период лани.

Возилата од Б сегментот исто така забележаа раст на продажбата, но тоа е раст од 11%.

Малите SUV модели, пак, забележаа продажба од 309,903 примероци.

Причинител за ваквиот исход се скусените рокови за испорака, особено кај VW Group.

Најпродаваниот модел во сегменотот, VW Tiguan забележа раст во продажбата од 26%, додека продажбата на осмопласираниот Skoda Karoq се зголеми за цели 50%. Моделот Cupra Formentor се најде на десеттата позиција, заокружувајќи ја водечката тројка на VW Group на листата.

Сепак, најголем раст во сегментот има Nissan Qashqai, кој се искачи на четвртото место по растот од 61%.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година