Стории

Редизајнирање на Париз со уникатен концепт: Градоначалничката им објави „војна“ на автомобилите

19/02/2020

Големите европски метрополи одамна најавуваат, а дел од нив делумно и применуваат ограничувања и забрани за одреден вид возила, додека тренд во моментов се електрифицираните автомобили кои треба да го намалат негативниот ефект врз воздухот, односно животната средина.

Но, актуелната градоначалничка на Париз, Ан Идалго, во кампањата за својот втор мандат најави еден амбициозен проект кој ќе значи редизајнирање на градот кој претставува еден од најпосакуваните дестинации на туристите од целиот свет.

Идалго воопшто не размислува дека ќе го реши проблемот со метежот и екологијата во Париз со тоа што едноставно ќе им даде предност на електричните автомобили, затоа што и тие ќе создаваат метеж, а истовремено зафаќаат идентичен простор и потребни им се паркинг места.

Првата дама на Париз е родена во Андалузија, но израснала во Франција, односно во главниот град за кого сега се обидува да најде соодветни решенија. Покрај животната средина, во фокусот на Идалго е да го подобри квалитетот на живеење на жителите на градот.

Каков е концептот за кој Идалго бара поддршка од жителите и кој ќе биде нејзин главен проект во евентуалниот втор мандат? Таа го нарекува „Град од 15 минути“ или град во кој без користење автомобил ќе може да се задоволат сите потреби на оддалеченост за која не се потребни повеќе од 15 минути.

Париз веќе подолг период ги преуредува патеките за движење на велосипедите и тротинетите, што само го зголемува нивното присуство низ улиците, тука е и вниманието кон јавниот превоз, а со преземените акции, првпат по 1940 година е намален бројот на автомобили во француската метропола.

Автор на проектот кој го застапува Идалго е Карлос Морено, професор на Сорбона, кој со своите идеи го привлекол вниманието на локалните власти, а тие сега заеднички застапуваат ист концепт.

– Живеењето на поинаков начин пред се значи трансформација на нашиот однос со времето, посебно со времето кое го користиме за движење наоколу. Во него не постои задоволство, нема комфор, качете се во метро или автобус и ќе забележите нервозни луѓе и многу стрес. Затоа ни е потребна оваа револуција, да имаме повеќе градски центри во кои луѓето ќе најдат се што им е потребно. Мора да го прекинеме актуелниот ритам на животот на луѓето, се работи за радикален пристап кој ќе го промени животниот стил, – вели Морено.

Најпластично претставено, Идалго сака актуелната доминација на моторните возила во централното подрачје да ја замени со целосна предност за велосипедистите и електричните тротинети. Во процесот на трансформација сите жители до 18 години ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз.

Најголем дел од улиците би биле реконструирани, а сите учесници во сообраќајот ќе се движат во една лента на средина без можност да претекнуваат, додека преостанатиот дел ќе биде искористен за движење и рекреација на пешаците.

Тоа значи дека автомобилите ќе мора да се движат зад велосипедисти и други поспори возила, при што и брзината ќе биде сериозно ограничена. Иделна реализација на проектот би подразбирала парижани да имаат и работни места кои ќе бидат дел од концептот „15 минути“.

Градоначалничката на Париз најавува дека 72 проценти од паркинг позициите во Париз ќе бидат пренаменети во мали зелени оази или детски игралишта, што значи дека возачите на располагање ќе ги имаат само подземните и приватните паркинзи, како и оние во комерцијалните центри.

Но, ако имате приватен паркинг во централното подрачје, секое пристигнување и напуштање на населенето место ќе бара многу трпение и време поради споменатиот концепт, а тоа сериозно ќе влијае на жителите да се откажат од своите автомобили и да користат алтернативен начин за транспорт.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider