Slide
Slide

Вести

Регулаторна: Цените на горивата повисоки од полноќ

Slide
Slide

11/05/2020

Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени во македонската малопродажна мрежа, односно нивната цена е зголемена за просечни 8,51 проценти, објави официјално Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Бензините и дизелот поскапуваат за 3,5 денари, па корисниците ќе плаќаат 56 денари за литар ЕУРОСУПЕР 98, по 54 денари за ЕУРОСУПЕР 95, додека ЕУРОДИЗЕЛ  горивото ќе чини 45,5 денари за литар.

– Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50%. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта.

– Иако пазарот реагира на намаленото производство, се уште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година.“ изјави Марко Бислимоски,
претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1