Slider

Вести

Регулаторна: Цената на бензините и дизелот во различна насока

Slider

05/10/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на дел од горивата и тие ќе се продаваат по пониска малопродажна цена наредните седум денови.

Намалувањето според методологијата на РКЕ изнесува просечни 0,34% за сите нафтени деривати, а тоа подразбира пониска цена на бензините и минимално поскапување на дизелот.

Бензините ќе бидат поевтини за 1,5 денар, односно литар ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 59 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 е намален до 61 денар за литар.

За разлика од бензините, ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за половина денар и еден литар во малопродажната мрежа ќе се продава по 50 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,714% или за 2,800 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,463% или за 4,650 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,638 % или за 5,150 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,324% или за околу 3,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,7620
ден/$ и е за околу 0,393% повисок од курсот на доларот (52,5555 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, како и намалениот износ на акцизата за бензините согласно Уредбата со
законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за
време на вонредна состојба, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата
за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,34%, стои во соопштението на РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider