Slide 1
Slide 1

Вести

Регулаторна: Цените на горивата одат нагоре

Slide 1
Slide 1

31/05/2021

Зголемување на малопродажните цени на сите горива е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која со својата методологија денеска ги одреди цените кои ќе бидат актуелни една недела.

Цените на сите горива одат нагоре за половина денар, што значи дека литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 67,5 денари, литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 69,5 денари, додека новата цена на дизел горивото ќе изнесува 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,853 % или за 11,700 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,775 % или за 9,650 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,822 % или за 9,650 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,395 % или за околу 5,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 50,3651ден/$ и е за околу 0,262% понизок од курсот на доларот (50,4972 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната
пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,62%.

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“