Slider

Вести

Регулаторна: Цените на горивата со ново, минимално поскапување

Slider

29/06/2020

Најновата, денешна пресметка на цените на нафтените деривати од страна на Регулаторната комисија за енергетика донесе најава за дополнително, иако минимално зголемување на цените.

Од полноќ, бензините и дизел горивото добиваат цена повисока за половина денар по литар, или сите нафтени деривати се поскапени просечно за 1,06 проценти.

Поскапиот бензин, ЕУРОСУПЕР-98 стигна до цена од 63 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 61 денар, додека ЕУРОДИЗЕЛ горивото сега чини 52 денари за еден литар.

По промените на акцизата и новата пресметка, литар екстра лесно гориво чини 51,5 денари.

– Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 2,574%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,568%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,881% и кај мазутот зголемување e во просек за 2,459% .

– Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,175 %, – велат од РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider