Вести
Регулаторна: Цените на горивата со ново поскапување
Продолжува трендот на поскапувања на горивата, па и наредните седум дена возачите ќе мора да одвојат поголеми суми за бензините и дизел горивото, – потврди Регулаторната комисија за енергетика.
Новата пресметка на цените на нафтените деривати донесе просечно поскапување од 1,53 проценти, а најголемото поскапување е направено на ЕУРОСУПЕР-95 бензинот и дизелот.
Овие две горива од полноќ ќе бидат поскапи за 1 денар по литар, односно цената за литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе изнесува 61,5 денари, додека литар ЕУРОДИЗЕЛ гориво чини 53,5 денари.
ЕУРОСУПЕР-98 бензинот е поскап за половина денар и од полноќ неговата цена за литар е 63,5 денари.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,81% или за 14,450 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,84% или за 13,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 3,33 % или за 11,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,37 % или за околу 11,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
– Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени
со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50
ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува
53,00 ден/лит.
– Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , се зголемуваат
за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и
со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, – велат од Регулаторна.