Slider

Вести

Регулаторна: Дополнително намалување на дизел горивото

Slider

25/01/2021

Регулаторната комисија и денеска ги регулираше цените на нафтените деривати согласно својата методологија, а нареднава недела нема да има поголеми поместувања во однос на горивата и цената за еден литар.

Просечното зголемување на сите нафтени деривати е 0,10%, а во реалноста тоа значи дека бензините ја задржуваат цената до следниот понеделник, додека дизелот поевтинува за половина денар.

Според ова, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 61 денар по литар, ЕУРОСУПЕР-98 останува на цената од 63 денари, додека литар ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ ќе чини 52 денари.

Цената на екстра лесното масло за домаќинства останува иста (41,5 денари за литар).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider