Slider

Вести

Регулаторна: Минимално намалување на цените на бензините

Slider

26/10/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди цените за нафтените деривати, односно горивата, кои ќе бидат актуелни наредните седум денови.

Просечната цена на сите нафтени деривати е намалена за 0,39 проценти, а тоа значи минимално намалување на цените на бензините и задржување на цената на дизелот.

ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 58,5 денари за литар, за истата количина ЕУРОСУПЕР-98 ќе треба да се платат 60,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува 50,5 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,374% или за 9,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,499% или за 5,100 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,364 % или за 7,950 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,468% или за околу 4,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,2766 ден/$ и е за околу 0,311% понизок од курсот на доларот (52,4398 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,39%, стои во соопштението на РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider