Slider

Вести

Регулаторна: Минимално намалување на цените на бензините

Slider

27/07/2020

Регулаторната комисија за енергетика ја објави својата одлука за новите цени на горивата кои стапуваат на сила на полноќ.

Истата носи минимално намалување на цените на бензините, односно задржување на цената за литар на дизел горивото и наредните седум дена.

Просечното намалување на сите нафтени деривати изнесува само 0,26%, а во практика дизел горивото останува на цена од 53 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 бензините во малопродажната мрежа ќе бидат достапни за 59,5 односно 61,5 денари за литар.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 0,82% или за 3,200 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,47% или за 9,100 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 2,79 % или за 9,950 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,688% или за околу 1,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 53,6820
ден/$ и е за околу 1,211 % понизок од курсот на доларот (54,3398 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметкa, – стои во објаснувањето на Регулаторната комисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider