Вести
Регулаторна: Ново поскапување на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави цените на нафтените деривати за наредната седмица, а тие носат просечно поскапување од 2,64 проценти.
Цените утврдени со новата методологија носат поскапувања на сите горива, а најголемо на дизелот, кој од полноќ поскапува за 1,5 денар, или цената за литар ќе изнесува 54,5 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 бензинот ќе биде повисока за 1 денар или 63,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 поскапува за половина денар и стигна до цена од 65 денари за литар.