Slider

Вести

Регулаторна: Поскапување на цените на сите горива

Slider

16/11/2020

Регулаторната комисија ги утврди новите цени на нафтените деривати, а денешната одлука значи и поскапување на цените на горивата.

Просечното зголемување на сите нафтени деривати е 3,11%, па од полноќ ќе се плаќаат повисоки цени и за литар бензин, односно дизел гориво.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 горивото поскапува за 1,5 денар и еден литар ќе чини 60 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 горивото поскапува за 1 денар, за нова цена од 61,5 денари.

Поскапува и дизелот и тоа за 1,5 денар по литар, па новата цена од полноќ ќе биде 51 денар.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,563% или за 30,250 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 9,152% или за 29,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 10,956 % или за 34,200 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 9,339% или за околу 25,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,1802 ден/$ и е за околу 0,831% понизок од курсот на доларот (52,6173 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,11%, – велат од РКЕ во своето соопштение.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider