Slider

Вести

Регулаторна: Зголемување на цените на сите горива

Slider

13/10/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени за горивата, а истите ќе донесат минимално зголемување за наредните седум денови.

Цената на сите нафтени деривати се покачува за просечни 1,42 проценти, а кај горивата тоа значи дека сите одат со половина денар повисока цена по литар.

Или од 14. октомври, ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 59,5 денари, литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе биде 61,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото е 50,5 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,145% или за 8,350 $/тон, кај
дизелот зголемување во просек за околу 5,395% или за 17,400 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување
во просек за околу 5,664 % или за 18,100 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 6,216% или за
околу 16,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно
прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,4369
ден/$ и е за околу 0,616% понизок од курсот на доларот (52,7620 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за
формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,42%, – стои во соопштението на РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider