Slider

Вести

Регулаторната комисија ги намали цените на горивата

Slider

07/09/2020

Следните седум цената на горивата ќе бидат пониски во однос на претходниот период, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, која денеска излезе со официјалните цени пресметани врз основа на сопствената методологија.

Просечното намалување на сите нафтени деривати во наредните седум денови изнесува 1,73 проценти, а најголемо поевтинување има на дизел горивото.

Бензините ќе бидат поевтини за половина денар, односно ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 59,5 денари, додека литар ЕУРОСУПЕР-98 од полноќ ќе чини 61,5 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ горивото поевтини повеќе и новата цена за литар ќе биде 50,5 денари. Истата цена ќе важи за екстра лесното гориво.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,103% или за 13,000 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 5,626% или за 20,450 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 5,358 % или за 19,150 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,497% или за околу 7,000 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,9276 ден/$ и е за околу 0,64% понизок од курсот на доларот (52,2620 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,73%, – велат од Регулаторна.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider