Slider

Вести

Регулаторната комисија ги намали цените на горивата

Slider

14/09/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени на нафтените деривати, официјализирајќи го намалувањето на цените на горивата барем за наредните седум денови.

Според официјалното соопштение на РКЕ, цената на сите нафтени деривати просечно е намалена за 2,93 проценти, а тоа е факт и кај цените на бензините и дизел горивото.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР 95 бензинот ќе се продава по цена од 58,5 денари за литар, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 60,5 денари.

Цената на дизел горивото е намалена за 1,5 денар, што значи дека од полноќ еден литар ќе чини 49 денари, исто колку што ќе биде и цената на екстра лесното гориво.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,950% или за 24,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 9,999% или за 34,300 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 9,239 % или за 31,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 9,018% или за околу 24,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,1851 ден/$ и е за околу 0,496% повисок од курсот на доларот (51,9276 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,93%, – велат од РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider