Slider

Вести

Регулаторната комисија ги намали цените на горивата

Slider

20/07/2020

Малопродажните цени на горивата низ македонската продажна мрежа ќе бидат намалени барем наредните седум дена, а просечните намалување на цените на сите нафтени деривати изнесува 1,61%.

Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која традиционално понеделнички одреди како ќе изгледаат цените во текот на наредната недела.

Од полноќ, цените на бензините се намалуваат за 1,5 денар, додека цената на дизел горивото ќе биде намалена за половина денар.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 60 денари, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по 62 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ горивото е намалено минимално на 53 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,876% или за 3,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,941% или за 3,500 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 1,314 % или за 4,750 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,47% или за околу 3,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно
прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,3398
ден/$ и е за околу 0,531 % понизок од курсот на доларот (54,6300 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, како и намалениот износ на акцизата за бензините согласно Уредбата со
законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за
време на вонредна состојба, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата
за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,61%, – стои во соопштението на Регулаторната комисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider