Slider

Вести

Регулаторната комисија ги одреди новите цени на горивата

Slider

23/11/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени за нафтените деривати, односно горивата и тиа ќе стапат на сила од полноќ.

Пресметката според методологијата на РКЕ донесе минимално просечно зголемување од 0,15 проценти, а тоа донесе мала флуктуација на цените на горивата.

Не се менува цената само на ЕУРОСУПЕР-98 бензинот, кој останува со цена од 61,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР-95 бензинот има намалена цена за половина денар, односно новата цена ќе изнесува 59,5 денари за литар.

Дизел горивото има за половина денар повисока цена, односно 51,5 денари за литар.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,138% или за 8,200 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,448% или за 5,050 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,920 % или за 6,650 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,302% или за околу 0,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,0837 ден/$ и е за околу 0,185% понизок од курсот на доларот (52,1802 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,15%, – стои во соопштението на РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider