Вести
Регулаторната комисија ги потврди цените на горивата за наредните седум дена
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати, односно горивата и нивната цена просечно ќе биде зголемена за 0,32 проценти.
Цените кои ќе важат наредните седум дена стапуваат на сила од полноќ, а овој пат нема да има никакви промени во однос на горивата и единственото поскапување е кај мазутот.
ЕУРОСУПЕР-95 останува на 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 чини 62 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе се задржи на 52,5 денари.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,262% или за 8,600 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,045% или за 3,850 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,048 % или за 3,750 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,899% или за околу 10,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,1452
ден/$ и е за околу 1,023 % понизок од курсот на доларот (52,6843 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка.
– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за
формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,32%, – велат од РКЕ.