Slider

Вести

Регулаторната комисија ги потврди цените на горивата за претстојната недела

Slider

28/09/2020

Новите цени за горивата денеска се одредени од Регулаторната комисија за енергетика и ќе бидат актуелните наредните седум денови.

Просечната цена на малопродажните цени на нафтените деривати порасна за 0,28%, но покачувањето се однесува само на мазутот, додека цените на горивата остануваат непроменети.

Цената на бензините останува 62,5 денари (ЕУРОСУПЕР-98), односно 60,5 денари (ЕУРОСУПЕР-95), а промени нема ниту кај дизелот, чија цена за еден литар изнесува 49,5 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,89% или за 7,550 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,718% или за 2,300 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,349 % или за 1,100 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,858% или за околу 2,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,5555
ден/$ и е за околу 1,009% повисок од курсот на доларот (52,0303 ден/$) по кој беа формирани цените со
претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за
формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,28%, – велат од РКЕ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider