Slider

Вести

Регулаторната комисија ги зголеми цените на бензините

Slider

09/11/2020

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати, а тоа значи просечно поскапување за 0,83 проценти за наредните седум денови.

Зголемена е цената на бензините за половина денар, па од полноќ литар ЕУРОСУПЕР-95 чини 58,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 60,5 денари за литар.

Цената на дизел горивото останува непроменета, односно и нареднава недела ќе изнесува 49,5 денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,421% или за 4,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,816% или за 5,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 2,160 % или за 6,600 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,565% или за околу 4,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

– Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,6173 ден/$ и е за околу 0,469% повисок од курсот на доларот (52,3714 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

– Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,83%, – стои во соопштението на Регулаторната комисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider