Slide 1
Slide 1

Вести

Реинкарнација на Renault 5 како дел од стратегијата „Ренолушн“

Slide 1
Slide 1

14/01/2021

Француската групација Renault денеска го претстави долгорочниот план, односно стратегија по која ќе се движат сите брендови кои се дел од неа, а во однос на носечкиот бренд Renault, тоа значи враќање на сцената на Renault 5.

Легендата била инспирација за дизајнерот Жил Видал кој го подготви модерното Renault 5, кое очекувано ќе биде електричен автомобил, а засега не е прецизирано кога ќе биде официјалната верзија, односно почетокот на производството.

Покрај „петката“ која се продаваше меѓу 1972 и 1985 година, Французите подготвуваат современ, електричен наследник на Renault 4, a до 2025 година ќе бидат претставени вкупно седум електрични автомобили.

Првиот човек на групацијата, Лука де Мео, во стратегијата наречена „Ренолушн“ најави раст на продажбата од 30 проценти во периодот до 2025 година, a она што е познато од минатата година е дека прво електрично Renault поставено на новата платформа ќе биде SUV моделот Megane eVision, чие производство стартува најдоцна до следната година.

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“