Skip to content

Вести

Рекорден број фанови на Abarth го прославија големиот јубилеј на брендот

Специјална ѕвезда на одбележувањето на големиот јубилеј беше специјалната верзија Abarth 695 70 Anniversario, која ја имаше својата премиера токму на дводневниот адреналински спектакл во Милано

09/10/2019

Над 5.000 фанови се појавија на дводневното одбележување на 70. роденден на брендот Abarth во Милано и поставија нов рекорд за ваквите собири на почитувачите на делото на „скорпијата“.

Организаторите се презадоволни од одѕивот на Abarth фановите кои реализирале над 3.500 тест возења на специјално подготвените патеки за малите, но моќни спортисти, а за уште понезаборавно доживување и дружење се погрижиле сите придружни делови од програмата, вклучувајќи ја и изложбата на легендарни модели.

Специјална ѕвезда на одбележувањето на големиот јубилеј беше специјалната верзија Abarth 695 70 Anniversario, која ја имаше својата премиера токму на дводневниот адреналински спектакл во Милано.

Страста за брендот со логото со скорпија повторно се преточи во многу позитивна енергија, па фановите на Abarth уште отсега се надеваат на уште повозбудливи собири наредните години.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend