Slider

Вести

Renault бара нов CEO, се обидува да го „украде“ предводникот на Seat, Лука де Мео

Slider

„Фигаро“ и „Лез еко“ објавија дека најсериозен кандидат за позицијата е Лука де Мео, актуелниот предводник на Seat и човек кој има големи заслуги за позитивниот период и рекордните резултати на Seat

16/11/2019

Renault Group и натаму се обидува да најде долгорочно решение за највисоката менаџерска позиција, со што полека би требало да започне процесот на ревитализација на ситуацијата која ескалираше по проблемите со законот на Карлос Гон и негативното влијание кое овој случај го имаше во функционирањето и соработката во алијансата Renault-Nissan.

Клотилде Делбос беше поставена за привремен CEO на Renault, па и покрај нејзината желба да остане на функцијата, раководството има поинакви планови, – тврдат добро упатените француски медиуми.

Шпекулациите веќе започнаа, се појавија и деманти, но никој не може да гарантира дека пикираните кандидати нема да го променат мислењето, знаејќи го значењето на функцијата и местоположбата на француската групација во авто-индустријата.

„Фигаро“ и „Лез еко“ објавија, a „Аутомотив њуз“ пренесе, дека најсериозен кандидат за позицијата е Лука де Мео, актуелниот предводник на Seat и човек кој има големи заслуги за позитивниот период и рекордните резултати на шпанскиот бренд кој е дел од групацијата Volkswagen.

„Хедхантинг“ компаниите кои имаат зелено светло од Renault да најдат соодветен CEO, сметаат дека Де Мео е најсоодветен избор, бидејќи својата кариера ја започнал токму кај овој француски производител, за подоцна преку Toyota и Fiat да заврши во VW Group во 2009 година.

Де Мео зборува пет јазици, а дефинитивно важи за еден од најуспешните менаџери во авто-индустријата во овие моменти. Дека на неговите работодавци не им се допаѓаат ваквите гласини потврдува и брзиот демант кој пристигнал до медиумите од канцеларијата на Seat.

– Лука де Мео е целосно посветен на Seat, како што веќе и самиот има потенцирано во неколку прилики откако беше назначен за прв човек во 2015 година, – вели соопштението на производителот од Марторел.

Француските медиуми велат дека покрај Де Мео, во игра за позицијата би можеле да бидат и Дидие Лерој (Французин кој е втор човек на Toyota и најблизок соработник на Акио Тојода), како и Патрик Колер, актуелниот CEO на Faurecia.

Решението, какво и да е, веројатно ќе биде донесено наскоро, Renault Group нема време за губење затоа што му е потребна нова стратегија, а со тоа ќе се стави крај на бранувањата кои започнаа со апсењето на Гон, но и со отказот на Тјери Болор кој беше човек од доверба на веќе поранешниот предводник на алијансата.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider