Slider

Вести

Renault ги претстави првите модели од електрифицираната E-Tech гама

Slider

Саемот во Брисел е локација на која се претставени хибридната изведба на Clio, односно плаг-ин хибрид изведбата на Captur, a Renault на овој начин ја потврди својата намера за забрзување на процесот на електрификација на целата своја понуда

10/01/2020

Францускиот производител Renault ја започна новата година со премиера на електрифицираните изведби на своите најпопуларни модели, Clio и Captur, кои станаа дел од гамата која во иднина ќе ја носи наставката E-Tech.

Саемот во Брисел е локација на која се претставени хибридната изведба на Clio, односно плаг-ин хибрид изведбата на Captur, a Renault на овој начин ја потврди својата намера за забрзување на процесот на електрификација на целата своја понуда.

Clio Е-Tech како самополнечки хибрид го користи принципот на „паралелен хибрид“, располага со 1.6-литарски бензински мотор и два електро-мотора, а батеријата е со капацитет од 1,2 kWh. Производителот ветува сериозна автономија без користење на класичниот мотор, односно ниска Co2 емисија и потрошувачка.

Captur E-Tech како плаг-ин хибрид располага со истиот бензински мотор, поголема батерија (9,8 kWh) и 400V електричен систем, а Renault најавува автономија на електричен погон од над 50 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider