Slide 1
Slide 1

Вести

Renault ги следи Polestar и Volvo во имплементација на Android Automotive оперативниот систем на Google

Slide 1
Slide 1

Софтверот на Google се имплементира и во вертикално поставениот 12 инчен инфотејнмент екран, но и во 12.3-инчната дигиталната инструмент табла која се наоѓа зад воланот.

10/09/2021

За време на IAA Mobility во Минхен, Renault го претстави електричниот компакт Mégane E-TECH Electric. Освен визијата за електричната иднина на Renault, моделот открива и во кој правец ќе се движи францускиот автомобилски гигант во однос на инфотејнмент системите во своите автомобили. 

Двата екрани во кабината (дигиталната инструмент табла и централно поставениот дисплеј) ќе бидат поставени на Android Automotive Operating System (AAOS). Тоа е специјален оперативен систем развиен од Google, чија намена е да ги замени оперативните системи кои ги развиваат самите производители.

Овој систем е различен од Android Auto, што всушност е проекција на мобилниот телефон на корисникот на екранот на производителот. За разлика од Android Auto, Android Automotive е комплетна замена за инфотејнмент софтверот во возилото.

Преку системот на Google, сопствениците на Мégane E-TECH Electric ќе може да ја користат алатката Google Assistant, а на располагање ќе им бидат и екстремно прецизните навигациски мапи од Google Maps, како и богат систем на апликации од Google Play платформата.

Софтверот на Google се имплементира и во вертикално поставениот 12-инчен инфотејнмент екран, но и во 12.3-инчната дигитална инструмент табла која се наоѓа зад воланот.

“Дигиталните кокпити бргу го трансформираа начинот на интеракција на возачите и патниците со возилото, што во крајна линија овозможува поголема персонализација и зголемен комфор” –  изјави Тиери Камал, Заменик претседател на Renault Software. “Ние веруваме дека континуираната соработка со Google и Qualcomm Technologies е клучна за редефинирање на корисничкото искуство во возилата. Оваа соработка ќе ни овозможи да им понудиме напредни функционалности кое ќе го подигнат нивото на можности за возачите и патниците во нашите возила”, – завршува Камал.

Улогата на Qualcomm Technologies во процесот е преку третата генерација на Snapdragon Automotive Cockpit платформата, која овозможува поголем капацитет на процесорска моќ, како и вештачка интелигенција која се користи во однос на интеракцијата помеѓу возачот и возилото.

Користењето на комплетната Android Automotive платформа од страна на Renault е значаен чекор кој навестува во кој правец ќе се движи автомобилската индустрија во однос на оперативните системи интегрирани автомобилите. 

RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (1)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (2)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (3)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (4)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban

RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
RENAULT MEGANE E-TECH ELECTRIC (BCB)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (1)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (2)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (3)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban (4)
1920-2021 - New Renault Mgane E-TECH Electric - Urban
previous arrow
next arrow

Повеќе години автомобилските производители напорно работеа и инвестираа многу во развој на сопствени оперативни системи, но се чини дека, сепак, таа улога ќе ја предадат на големите софтверски компании.

Имено, Renault не е единствениот масовен производител на автомобили кој склучи соработка со Google за имплементирање на нивната платформа. 

Освен Volvo и Polestar кои веќе го користат Android Automotive, на почетокот на годинава, Ford најави дека од 2023 брендовите Ford и Lincoln ќе започнат да ја користат платофрмата на Google.

Сличен договор беше постигнат уште минатата година помеѓу Google и тогашната PSA групација, но и во нивнот случај, имплементацијата на платофрмата ќе започне во 2023 година.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање