Slide

Стории

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра

Slide

Renault неодамна го лансираше Megane E-Tech Electric, кој, по Zoe, е само втор комплетно електричен модел во патничката гама на брендот.

18/01/2022

Лука Де Мео, извршниот директор на Renault најави дека производителот ќе стане исклучиво електричен бренд во Европа до 2030 година. 

Со ова, производителот се приклучува на долгиот список на производители кои најавија слични планови, вклучувајќи ги тука брендовите Fiat, Peugeot, Opel како и европската дивизија на Ford.

“Renault ќе биде 100% електричен бренд во Европа во 2030 година”, изјави Де Мео минатата седмица за време на медиски настан во техничкиот центар на Renault, во близина на Париз. Во јули минатата година, проекцијата на Де Мео беше дека 90% од европските продажби во 2030 ќе отпаѓаат на електрични автомобили.

Сепак, Де Мео изјави дека Renault Group, преку брендот Dacia, веројатно сѐ уште ќе продава возила со мотори со внатрешно согорување и по 2030. 

Втора причина за евентуалното отстапување од проекциите може да биде недостаток на инфраструктура за полнење или евентуално високата цена на електричната енергија.

“Имаме и план Б”, додаде тој, потенцирајќи дека Dacia ќе стане комплетно електричен бренд што е можно подоцна.

Европската Унија планира да воведе нова регулатива која ќе им наложи на автопроизводителите да продаваат само електрични возила од 2035 година. Само за илустрација, лани електричните автомобили остварија 11% пазарен удел во ЕУ, споредено со само 6,8% една година претходно.

Следниот чекор кон заострување на регулативата ќе се случи во 2025, по што ќе биде воведена Еуро 7 нормата, која се очекува дополнително да ги зголеми трошоците за производство на возила со мотори со внатрешно согорување.

Renault неодамна го лансираше Megane E-Tech Electric, кој, по Zoe, е само втор комплетно електричен модел во патничката гама на брендот.

Се очекува да следуваат најмалку четири нови електрични модели до 2025, вклучувајќи го малиот Renault 5, потоа компактен SUV кој ќе ја надополни понудата на Megane, мал кросовер инспириран од класичниот Renult 4, како и еден комерцијален ван.

Извршниот директор за време на настанот реферираше во однос на резултатите од планот за реструктуирање на производителот, кој забележа забележителна загуба од над 7 милијарди евра во првата половина од 2020. 

Тој најпрво го презентираше планот во јануари 2021, шест месеци откако ја презеде главната позиција во Renault. Претходно Де Мео беше главен извршен директор во Seat.

Renault забележа мал профит во првата половина од 2021, со оперативна маргина од 2,8%. Де Мео и финансискиот директор Клотилде Делбос ќе ги презентираат резултатите од 2021 година на 18. февруари.

Според Де Мео, длабочината на трансформацијата е импресивна, нагласувајќи дека таа е една од најбрзите во блиската историја на автомобилската индустрија. Фиксните трошоци се намалени за две милијарди евра, цел која е остварена дури една година пред предвидениот рок во планот.

“Нето цените се зголемени за 6 до 7 проценти”, продолжува Де Мео, признавајќи дека недостигот од чипови, кој ги натера производителите да дадат приоритет на поскапите модели и заедно со инфлацијата, ги покачи цените на сите брендови во индустријата. “Сепак, ние остваривме подобар раст на цените споредено со просекот во индустријата”, додава тој.

Renault го подобрува продажниот микс, вклучувајќи повеќе продажби на физички лица и намалување на диверзификацијата. Де Мео нагласи дека новата Arkana е идеален пример за неговата стратегија која подразбира “приоритет на вредноста пред волуменот”. Дури 60% од продажбите на моделот се однесуваат на физички лица, а 60% од продажбите се хибриди, иако моделот нуди помалку можност за персонализација, споредено со конкурентите како Peugeot 3008.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди