Slider

Вести

Renault го најави електричниот наследник на Megane

Slider

Megane eVision ќе ја користи новата CMF-EV платформа која е заеднички проектот на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, a од францускиот производител најавуваат технички и возни карактеристики кои ќе претставуваат предизвик за ривалите

16/10/2020

Групацијата Renault го искористи својот Eways настан не само за претставување на првата електрична Dacia, туку и за најава за новата генерација на Renault Megane, кој всушност ќе биде електричен автомобил.

Концептот Renault eVision претставува кросовер кој ќе се обиде да ги комбинира квалитетите на класичните компактни хечбек изведби и популарната SUV класа, а главна цел на производителот е да обезбеди што повеќе простор во кабината, подобра позиција за возачот и трендовски дизајн кој е фаворит на пазарот.

Megane eVision ќе ја користи новата CMF-EV платформа која е заеднички проектот на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, a од францускиот производител најавуваат технички и возни карактеристики кои ќе претставуваат предизвик за ривалите.

Концептот кој нема многу да се менува кога ќе влезе во сериско производство, ќе биде долг 4,21 метри, а Renault најави дека со височината од само 11 сантиметри на батериската кутија, овозможува поспортски карактеристики и подобра аеродинамика за идниот Megane.

Батеријата (60 kW) овозможува автономија до 450 километри, а погонската единица ќе располага со 217 коњски сили и вртежен момент од 300 Nm.

Се очекува, електричниот Megane да биде достапен во продажните салони најдоцна до 2022 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider