Slide 1
Slide 1

Новитети

Renault го најави новиот Kangoo за 2021 година

Slide 1
Slide 1

Новиот Kangoo ќе биде достапен во класична и долга изведба, а покрај класичните патнички и комерцијални изведби со повеќе од солидна опременост, ќе бидат достапни и Kangoo Express варијации кои ќе бидат подостапни, но и робустни и ќе овозможат поуниверзална функционалноста

12/11/2020

Новата генерација на ванот Kangoo ќе влезе во сериско производство следната 2021 година, а Renault денеска ги соопшти првите детали за ова важно освежување на својата гама.

Французите најавуваат дека новиот Kangoo ќе биде сериозна еволуција во однос на актуелната понуда, возило со модерен дизајн, но и напредни системи и технологии кои ќе го подобрат целосното искуство зад волан и во кабината.

Практичноста и функционалноста се важни адути на овој модел, па затоа Renault го истакнува и вметнувањето на дигитален внатрешен ретровизор кој ќе ја зголеми видливоста зад автомобилот, како и лизагчката врата за карго просторот чија широчина од 141 сантиметар значи двојно зголемување во однос на таа на претходникот.

Новиот Kangoo ќе биде достапен во класична и долга изведба, а покрај класичните патнички и комерцијални изведби со повеќе од солидна опременост, ќе бидат достапни и Kangoo Express варијации кои ќе бидат подостапни, но и робустни и ќе овозможат поуниверзална функционалноста.

Класичниот Kangoo ќе се произведува во Франција, додека Kangoo Express е планиран за фабриката на Renault во Мароко.

Засега не се објавени конкретните бензински и дизел мотори кои ќе бидат дел од понудата, а јасно е дека ќе им се приклучи и нова генерација на електричниот Kangoo Z.E.

 

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“