Вести
Renault Group доби ново привремено раководство на чело со дама
Денешната одлука, барем привремено, ќе ја направи Делбос втората најмоќна жена во автомобилската индустрија, откако со поголема структура од неа раководи само Мери Бара, дамата која управува со General Motors
Француската компанија Renault Group денеска ја извести јавноста за последната одлука на Бордот на директори, според која во иднина ќе има нов тим на највисоките оперативни позиции.
Најпрвин е донесена одлука од позицијата CEO (извршен директор) да биде сменет Тјери Болор, а на неговото место е поставена Клотилде Дебос, дамата како која ќе биде привремен CEO на Renault.
Високи позиции добија и Оливие Мурже и Жозе-Висенте де лос Мозос кои ќе и бидат заменици на Дебос и ќе и помагаат во процесот на менаџерско реструктуирање по заминувањето на Карлос Гон, но и неговиот избор за прв човек на Renault, веќе разрешениот Болор.
Апсењето на Карлос Гон од јапонските власти минатиот ноември беше вистински шок за целата алијанса Renault-Nissan, како и за француската компанија Renault Group која има доминантна позиција во соработка со Nissan. Во меѓувреме, не само што Гон е минато за алијансата, туку своите позиции ги загубија и Болор, односно Хирото Саикава кој веќе не е CEO на Nissan.
Делбос е дел од Renault Group од 2012 година, изминатиов период извршуваше неколку важни функции во компанијата, а беше член и на Извршниот комитет. Денешната одлука, барем привремено, ќе ја направи Делбос втората најмоќна жена во автомобилската индустрија, откако со поголема структура од неа раководи само Мери Бара, дамата која управува со General Motors.