Slide

Вести

Renault и Google ја прошируваат соработката во обид да ја достигнат дигитализацијата на Tesla

Slide

Продлабочувањето на соработката со Google која беше воспоставена во 2018 година, покрај безжични софтверски надградби, треба да овозможи и дополнителни услуги за корисниците на автомобилите.

09/11/2022

Renault ја продлабочува воспоставената соработка со Google во обид да ги унапреди можностите за безжични софтверски надградби на своите модели, како што се Megane E-Tech и Austral.

“Ние сакаме да го направиме автомобилот интелигентен и да овозможиме неговиот софтвер да може да се надградува како што е случајот со мобилните телефони”, изјави Лука де Мео, извршниот директор на компанијата.

Автомобилските производители сѐ уште се обидуваат да го достигнат американскиот производител Tesla во однос на можноста за безжични надградби на софтверот.

Продлабочувањето на соработката со Google која беше воспоставена во 2018 година, покрај безжични софтверски надградби, треба да овозможи и дополнителни услуги за корисниците на автомобилите.

Партнерството, исто така, “треба да му помогне на Renault во дигиталната трансформација, од дизајнот на автомобилите, преку нивното производство, па сѐ до лансирањето на пазарот”, додава де Мео.

Дополнителните услуги за кои би плаќале сопствениците на автомобилите се очекува да му донесат на Renault дополнителни приходи, со што би се зголемила и остаточната вредност на автомобилите.

Помеѓу функционалностите за кои клиентите би требало да платат е и можноста возачите да го лоцираат својот автомобил на големи паркинг простори.

“Производот ќе остане поврзан со производителот од неговото производство па сѐ до неговото рециклирање, за време на сите сопственички промени”, завршува де Мео.

Партнерството на Renault со Google е еден од примерите каде автомобилските компании наместо да развиваат дигитални услуги во рамките на компанијата, избираат соработка со некој од технолошките гиганти кои имаат искуство во оваа дејност. Овој избор покажа различни резултати кај различни производители.

Според извршниот директор на Renault, неговата компанија е производител на хардвер, а софтверот е нешто сосема друго.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск