Slide

Вести

Renault и Stellantis вработуваат возачи на камиони за да ја забрзаат испораката на нови возила до сопствениците

Slide

Renault започнува обука на дел од вработените по што тие би добиле возачка дозвола со категорија која овозможува управување со камион. (Фабрика на Renault во Дуаи, северна Франција)

06/03/2023

Автомобилските производители во Европа подолго време се соочуваат со доцнење во испораките кон клиентите поради недостиг на возачи на камиони.

Stellantis и Renault ќе се обидат со свои сили да го неугрализираат недостигот на возачи на камиони, кој предизвикува доцнење на испораките на илијадници возила кои не можат навреме да стигнат до крајните купувачи.

Менаџментот на Stellantis, групација во која членуваат Fiat, Citroën и Peugeot, испратил email пораки до вработените, во кои тие се охрабруваат да аплицираат за работна позиција “возач за камион” за групацијата. Според известувањето на компанијата, за само неколку дена се пријавиле околу 140 вработени.

Во меѓувреме, конкурентот Renault започнува обука на дел од вработените по што тие би добиле возачка дозвола со категорија која овозможува управување со камион.

Stellantis ќе го сноси надоместокот за обука и сите трошоци кои на нивните вработени ќе им бидат потребни за добивање на возачка дозвола со категорија за управување на камион.

Групацијата размислува и за креирање на сопствена флота од камиони за достава на возила за да се амортизираат логистичките предизвици со доставата, но сепак, официјално ваква одлука сѐ уште не е донесена.

Недостигот на возачи на камиони предизвика илјадници автомобили да бидат “заглавени” во европските фабрики кон крајот на минатата година, по што дел од производителите беа приморани да наоѓаат дополнителни локации за нивно паркирање.

Конкурентската групација Renault овие проблеми со логистиката ги наведе и во годишниот извештај во кој се елаборираат резултатите од работењето за 2022 годиан.

Голем дел од возачите на камиони во Европа всушност се Украинци, кои по започнувањето на војната во нивната земја не се во можност да се вратат на работа. 

Што се однесува до понудата за преквалификација во рамките на Stellantis, менаџментот овозможува таа транзиција да биде привремена или постојана, што значи дека вработените имаат можност да изберат дали по некое време ќе се вратат на своите првични работни места.

Групацијата истовремено им овозможува и на дилерите самите да си го организираат транспортот на своите возила од фабриката до крајните купувачи.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели