Skip to content

Вести

Renault ја потврди премиерата на електричниот Twingo

Иако Renault се уште не потврдил кога ќе го претстави Twingo ZE, се очекува тоа да се случи веќе на Саемот во Женева, бидејќи Французите сакаат што побргу да започнат со комерцијализацијата на овој модел

20/01/2020

Француски Renault во своите финансиски и продажни резултати за 2019 година истакна дека очекува процесот на електрификација да донесе раст во новата година, а една од основите за напредок е електричната изведба на малиот Twingo.

Актуелната генерација на Twingo можеби не успеа да ги повтори успесите на своите претходници, но затоа сега ќе може да започне нова авантура и да има сериозен пазарен удел меѓу најмалите електрични автомобили понудени во Европа.

Иако Renault се уште не потврдил кога ќе го претстави Twingo ZE, се очекува тоа да се случи веќе на Саемот во Женева, бидејќи Французите сакаат што побргу да започнат со комерцијализацијата на овој модел.

Ако Twingo ZE користи елементи кои веќе се употребуваат кај електричните изведби на Smart, тогаш може да се очекува автономија од околу 150 километри, но не е исклучено и Renault да изненади со поинаков концепт.

Истовремено, оваа 2020 година ќе донесе опција за купувачите да стигнат и до хибрид и плаг-ин хибрид изведби на дел од најпопуларните модели на Renault.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend