Slide

Вести

Renault ќе го имплементира новото лого на сите модели до 2024 година

Slide

12/03/2021

Долгорочната стратегија наречена „Ренолушн“ ги најави следните чекори на брендот Renault како дел од француската групација, а во иднина ќе биде користено и новото, редизајнирано лого.

„Дијамантот“ дебитираше на автомобилите на Renault уште во 1925 година, по што стана заштитен знак низ децениите, а сега добивa нов еволутивен дизајн зад кој стои Жил Видал.

Очекувано, Renault го следи трендот и претстави дводимензионално лого, а тоа првпат беше претставено кај концептот за наследникот на легендарниот Renault 5, кој ќе биде електричен автомобил.

– Неодамна претставениот нов изглед го симболизира балансот меѓу заштитата на традицијата на брендот и влегувањето во нова ера со поглед кон иднината, – вели Видал.

Францускиот производител најавува дека постепено ќе го вметнува новото лого кај сите модели и тој процес ќе биде заокружен во 2024 година.

Видал вели дека по промоцијата на концептот, Renault имал позитивен фидбек за логото, па тоа било потврда дека треба да се претстави како ново лого на брендот.

Повеќе содржини за Renault:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба