Slide 1
Slide 1

Вести

Renault ќе го испрати малиот Twingo во пензија

Slide 1
Slide 1

01/02/2021

Француски Renault неодамна ја претстави својата стратегија за наредните години, а нејзината основа се електрифицираните модели, од кои дел допрва ќе бидат претставени од производителот.

Она што дополнително е потврдено од првиот човек на групацијата, Лука де Мео, е дека малиот Twingo нема да добие наследник.

Очекуваната одлука на Renault се базира врз тешката задача за обезбедување профитабилност на модел од А сегментот во ситуација кога се заоструваат безбедносните и еколошките норми, а Де Мео истакнал дека засега францускиот бренд ќе остане без претставник во сегментот,

Оваа одлука е донесена и покрај фактот што Twingo беше достапен и во електрична изведба.

Во иднина тоа може да се промени со електричен автомобил, кој би користел сличен погон како тој најавен за реинкарнацијата на Renault 5, кој би требало да е поставен во Б сегментот.

Елиминацијата на Twingo значи и крај на соработката со Daimler, откако двете групации соработуваа на проектот, кој за Германците значеше платформа и елементи за Smart ForTwo и Smart ForFour, a кои во меѓувреме станаа проект на Daimler и кинески Geely.

Неофицијално, но логично, Renault покрај Twingo ќе ги елиминира и Scenic, Espace и Talisman, а нивните места ќе бидат пополнети со барем два нови SUV модели.

Повеќе содржини за мали автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови