Стории
Renault ќе го нуди четирициклот Mobilize Duo само преку лизинг, без продажба во автомобилските салони
Duo ќе нема многу конкуренти помеѓу традиционалните автомобилски производители. Најголеми конкуренти ќе му бидат Citroën Ami, и Opel Rocks-E.
Според менаџментот на Renault, токму овој тип на возила може да биде соодветен за извршување на сѐ поголем број на урбани активности.
По лансирањето на четирициклот Twizy, Mobilize Duo е вториот ваков модел кој францускиот производител ќе го произведува со годишен производствен план од 17,000 примероци.
Од менаџментот на Mobilize, компанија во рамки на Renault која е задолжена за мобилните услуги на францускиот производител, велат дека има големи промени на пазарот од лансирањето на Twizy во 2012 година. Сега има многу поголема потреба за урбана достава на производи, како и зголемена побарувачка за возила кои може да бидат управувани од лица без возачка дозвола.
Моделот Duo, кој ќе се произведува во Мароко, има околу 10% идентични компоненти како неговиот претходник Twizy, но остатокот од компонентите и дизајнот се значително подобрени. За разлика од Twizy, според Renault, моделот Duo има одлични врати, воздушно перниче, удобни седишта и климатизација.
Моделот ќе се нуди преку компаниите за car-sharing, а ќе биде овозможено да се купи преку лизинг за компаниски флоти или за приватни клиенти. Засега не се планирани директни малопродажни канали. Се планира да се произведе и карго изведба на моделот кој ќе собира еден метар кубен товар.
Што се однесува до моделот Twizy, тој беше лансиран во 2012 кога Renault продаде дури 9,000 примероци. Но, потоа продажбата се намалуваше од година во година, по што целата компанија се насочи кон електрификација, а Twizy остана во сенка.
Сега, десет години подоцна, во Mobilize се прилично ентузијастички расположени во врска со вклучувањето на Duo во програмите за car-sharing, иако овој бизнис модел сѐ уште не успеал да најде форма за профитабилност.
Duo ќе нема многу конкуренти помеѓу традиционалните автомобилски производители. Најголеми конкуренти ќе му бидат Citroën Ami, и Opel Rocks-E.
Производителот Seat најави сличен четирицикл во 2019, но овој модел сѐ уште не влегол во производство.