Slide
Slide

Вести

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба

Slide
Slide

Веќе е сигурно дека моделот ќе има плаг-ин хибридни изведби, за разлика од Kadjar, кој не е достапен како хибрид.

07/12/2021

Францускиот производител се обидува да има поголемо пазарно учество во клучниот сегмент на компактните SUV модели, како дел од транзицијата на брендот од сегменот на малите автомобили кон попрофитабилните сегменти.

Renault, по само една генерација, ќе го дисконтинуира моделот Kadjar, но истовремено ќе лансира нов компактен SUV кој ќе биде именуван како Austral.

Renault објави дека моделот Austral ќе биде лансиран следната година, без да сподели многу детали. Во соопштението е наведена и неговата должина (4,510мм), со што ќе биде за 20мм подолг во споредба со Kadjar.

Kadjar, кој е сестрински модел со Nissan Qashqai, беше лансиран во 2015, но во последните неколку години не успева да обезбеди континуирана позиција помеѓу 10-те најпродавани модели во сегментот.

Лансирањето на новиот модел е дел од стратегијата на Лука Де Мео, извршниот директор на Renault, која вклучува поголемо фокусирање на брендот на компактниот SUV сегмент, наместо на малите автомобили. Имено, Renault е лидер во Европа во сегментот на малите автомобили, но моделите во А и Б сегментите не се многу профитабилни, па произвдодителите не заработуваат многу од нивната продажба во споредба, на пример, со оние во SUV сегментот.

Освен Austral, на почетокот на следната година се очекува да пристигне и Megane E-Tech, комплетно електричен компакт. Потоа ќе следи и електричен компактен SUV како надополнување на Austral.

Austral веројатно ќе биде дел од цела серија на каросериски изведби со по пет и седум седишта, како и купе изведба. Планирани се и различни имиња за различните каросериски изведби.

Веќе е сигурно дека моделот ќе има плаг-ин хибридни изведби, за разлика од Kadjar, кој не е достапен како хибрид. 

Тековната SUV гама на Renault ги вклучува малиот Captur, споменатиот Kadjar, купето Arkana и поголемиот SUV Koleos. Последниот се произведува и увезува од Јужна Кореја, а ниту еден од моделите не се нуди во изведба со седум седишта.

Според Renault, новото име, кое е изведено од латинскиот збор “australis” (што значи најјужно), е во линија на духот на моделот, и треба да асоцира на задоволствата од природата, отворени простори и неограничени можности.

Производителот уште во 2005 година го заштити зборот “Austral”, за кој смета дека е соодветен на повеќе европски јазици.

Тековниот Kadjar заостанува зад конкуренцијата во европскиот сегмент на компактни SUV модели. Овој сегмент “профитираше” од недостигот на чипови, бидејќи производителите ги реалоцираа чиповите за да го зголемат производството на попрофитабилните модели. 

Најдобрата година за Kadjar беше 2016-тата, кога моделот забележа 130,000 продадени примероци во Европа.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1