Slide 1
Slide 1

Вести

Renault ќе ја ограничи максималната брзина на своите автомобили на 180 км/ч

Slide 1
Slide 1

26/04/2021

Групацијата Renault најави дека наскоро нејзините автомобили ќе имаат ограничена максимална брзина на 180 км/ч, а исклучок ќе биде само брендот Alpine.

Предводникот на Renault Group, Лука Де Мео на годишното обраќање кон акционерите ја соопштил веста и потенцирал дека промената ќе се случи следната 2022 година, а главната цел е да се намали бројот на сообраќајни несреќи и фатални последици од нив.

Инженерите на Renault ќе имаат слобода да предложат и пониска граница на максималната брзина, па за новата генерација на Megane се најавени максимални 160 км/ч, додека посебен статус ќе имаат електрифицираните автомобили каде и онака максималната брзина е пониска во однос на класичните изведби.

Електричната Dacia Spring со своите скромни 44 коњски сили стигнува до максимални 125 км/ч, а токму и романскиот бренд е споменат од Де Мео како бренд во кој ќе важи новата промена.

Прв производител кој реши да ја ограничи максималната брзина на своите автомобили беше Volvo, а и во тој случај причината е зголемената безбедност во сообраќајот.

Повеќе содржини за Renault:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови