Slide

Вести

Renault ќе се подели на 5 засебни независни компании кои одделно ќе ги прикажуваат профитот и загубата

Slide

Оние кои очекуваа помирен период во Renault, можат да бидат разочарани по најавата на Лука де Мео, извршниот директор на компанијата, дека компанијата ќе се подели на пет автономни компании.

14/11/2022

Планот за поделба на компанијата на пет независни деловни единици ќе предизвика и сложеност за управување и евалуација на нивната вредност.

Оние кои очекуваа помирен период во Renault, можат да бидат разочарани по најавата на Лука де Мео, извршниот директор на компанијата, дека компанијата ќе се подели на пет автономни компании.

Автомобилскиот производител со ова најави големо реструктурирање, бидејќи секоја од 5-те компании ќе има свој извршен директор и независно ќе го прикажува профитот и загубата.

Една од клучните цели со поделбата е да се одвои одделот кој се занимава со развојот и производството на електричните возила од оној кој е посветен на возилата со мотори со внатрешно согорување.

Вториот ќе формира заедничко вложување со кинеската компанија Geely, додека електричниот оддел ќе биде независно акционерско друштво кое од следната година ќе котира на берзата.

Но, одделни компании ќе бидат формирани и за спортските автомобили, мобилноста и финансиските услуги.

Сите три кмпании ќе бидат отворени за надворешни инвеститори и партнери, помеѓу кои Geely, Qualcomm и Google.

Целото реструктурирање предизвикува дилеми околиу недостатокот на објавени детали во врска ос долгорочното партнерство на Renault со Nissan – алијанса која предизвика големи турбуленции во изминатите неколку години, по обвинението, па потоа и бегството на Карлос Гон (извршниот директор на Renault и Nissan) од Јапонија во Либан.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск