Slide 1

Вести

Renault може да го префрли производството на Captur и Kadjar во фабрика на Nissan

Slide 1

18/05/2020

Renault и Nissan се во преговори за префрлување на производството на моделите Captur и Kadjar во фабриката на јапонскиот производител во Сандерленд.

Во ситуација кога Renault и Nissan се обидуваат да ја задржат досегашната соработка во рамки на алијанса, но најавуваат и нови стратегии кои носат промени, можно е производството на SUV моделите на францускиот бренд да се префрлат на британска територија.

Фабриката во Сандерленд во која Nissan инвестираше неколку милијарди евра има годишен капацитет од 500.000 автомобили, но Јапонците не можат да го искористат тој капацитет само со производството на своите Juke и Qashqai.

Истовремено, Nissan може да ги прекине операциите и во фабриката во Барселона, при што производството на Navara и e-NV200 ќе биде префрлено на други локации.

Повеќе содржини за Renault

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024