Slide

Стории

Renault на своите купувачи на електрични модели ќе им нуди заменски возила кога ќе имаат потреба од подолги патувања

Slide

Една од најзначајните помеѓу овие услуги е наречена Switch Car, програма преку која сопствениците на електричен Renault автомобил ќе можат во вкупен период од 30 денови во текот на годината дополнително да резервираат и да користат дополнително возило (со мотор со внатрешно согорување) обезбедено од страна на Renault.

17/03/2022

Новата услуга на Renault предвидува привремено отстапување на возило со мотор со внатрешно согорување, во случаи кога кучувачите на електрично возило би имале потреба од подолго патување при кое полнењето на електричното возило би можело да претставува проблем.

Renault веќе една деценија продава електрични возила во Европа, но според изјавите на менаџментот на компанијата, дел од потенцијалните купувачи се премислуваат поради страв од можноста да останат со празна батерија при возење на автопат.

Заради тоа, производителот се обидува да ги адресира овие дилеми преку серија на дополнителни услуги, кои ќе бидат лансирани истовремено со лансирањето на електричниот компакт Megane E-Tech Electric.

За време на неодамнешниот медиски настан во Шпанија, претставници на Renault најавија дека овие услуги ќе бидат реализирани преку Mobilize, компанија во рамките на Renault задолжена за мобилни услуги.

Една од најзначајните помеѓу овие услуги е наречена Switch Car, програма преку која сопствениците на електричен Renault автомобил ќе можат во вкупен период од 30 денови во текот на годината дополнително да резервираат и да користат дополнително возило (со мотор со внатрешно согорување) обезбедено од страна на Renault. 

Оваа програма е насочена кон купувачите кои не сакаат да се грижат за планирање на полнење на своето електрично возило при долги патувања, како што се семејните одмори. Тие, наместо тоа, ќе може да си резервираат и да користат возило со мотор со внатрешно согорување, чиј резервоар ќе може да го надополнат на секоја бензинска станица.

Switch Car ќе биде достапна преку програма за интерно финансирање на Renault, а во Франција оваа услуга ќе чини 30 евра месечно.

Доколку сопствениците на електрично возило останат со комплетно испразнета батерија – Renault ветува дека нивната служба за помош на пат ќе пристигне за помалку од 30 минути, по што ќе им помогне да стигнат до нивната дестинација за помалку од 30 минути. 

Преку оваа програма, наречена Care Service, во таквите ситуации, тимот на Renault или ќе ја надополни батеријата преку мобилни полначи, или ќе го однесе возилото до најблиска станица за полнење.

При лансирањето на Megane E-Tech Electric најавени се уште неколку дополнителни програми:

One-step – инсталација на домашен полнач пред испораката на возилото.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди