Slide 1
Slide 1

Вести

Renault нема да инвестира во нови дизел мотори

Slide 1
Slide 1

27/04/2021

Најавените построги еколошки норми во земјите од Европската Унија предизвикаа очекуван ефект врз стратегиите на автомобилските производители, а Renault Group е уште една групација која најави дека нема да инвестира во развој на нови дизел мотори.

Французите се и во период во кој се обидуваат да ги намалат сите непотребни трошоци за да ја вратат профитабилноста, па затоа и раководството предводено од Лука Де Мео, решило во иднина да се адаптираат актуелните мотори со внатрешно согорување, а да не се инвестира во развој на нови.

Renault има долга традиција поврзана со дизел моторите, но процесот на електрификација е дополнителна причина што вниманието се насочува кон друг вид технологија, но и приспособување на бензинските мотори кон потребите на хибридните изведби.

Повеќе содржини за Renault:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови