Вести
Renault објави план за концентрирање на производството на електрични модели во Франција
Целта на Renault е во Франција годишно да се произведуваат 700,000 возила, од кои најголем дел би биле електрични.
Renault најави дека во 2024 година ќе воведе четири нови мали електрични SUV модели кои ќе се произведуваат во северна Франција.
Електричниот Renault 4 – комплетно електрична реинкарнација на иконата од минатиот век – ќе дебитира на 17. октомври на саемот на автомобили во Париз. Овој модел ќе биде надополнет со Renault 5, чие производство се очекува да стартува на почетокот на 2024 во фабриката на Renault во Дуа.
Двете фабрики се дел од мрежата на производителот за производство на електрични автомобили. Оваа мрежа од фабрики ќе произведува електрични автомобили батерии и електрични компоненти.
Истовремено со концентрирањето на производството на електрични возила и нивните компоненти во Франција, Renault планира да ја одвои дивизијата за производство на возила со внатрешно согорување во посебен ентитет. Се очекува овој ентитет да алоцира ресурси во земји со пониски трошоци за работна сила. Деталите за ова се очекува да бидат соопштени на 8. ноември годинава.
Но, да се вратиме на електричните модели. Третиот електричне модел, компактен SUV модел, ќе се произведува во фабриката во Дуа. Неговото производство ќе стартува во 2025 година, истовремено со стартот на производоството на електричниот наследник на Nissan Micra.
Електричниот кросовер GT од спортскиот бренд Alpine, пак, ќе се произведува во Диеп, на северозападниот брег на Франција.
Целта на Renault е во Франција годишно да се произведуваат 700,000 возила, од кои најголем дел би биле електрични.
Renault ги најави производствените реалокации во соопштение за медиумите. “Ние сме горди да ја предводиме битката за компетитивност во Франција”, вели Лука де Мео, во известувањето. “Франција ќе биде центарот на нашите активности, преку нови вработувања и производство на легендарните модели како Renault 4, Renault 5 и Scenic”, додаде тој.
И дел од останатите производители, како BMW и Mercedes планираат нивните идни активности поврзани со производство на електрични возила да ги концентрираат на домашно тло.
Владата на Франција дедицираше повеќе милијарди евра за развој на електрични автомобили во земјата.