Slider

Новитети

Renault претстави понапреден и пософистициран Espace

Slider

Францускиот производител ја истакнува софистицираноста и технолошкиот напредок кај Espace, автомобил кој се произведува од 1984 година и веќе е продаден во над 1,3 милиони примероци

26/11/2019

Renault продолжува да го унапредува мултифункционалниот Espace, a неговата освежена верзија ќе донесе дополнително задоволство за купувачите.

Францускиот производител ја истакнува софистицираноста и технолошкиот напредок кај Espace, автомобил кој се произведува од 1984 година и веќе е продаден во над 1,3 милиони примероци.

Кросоверскиот дизајн на петтата генерација на Espace добива уште посилен сјај по третманот кој автомобилот го доби со фејслифтот, а Renault го надгради овој модел и со LED Matrix светла, како и второ ниво на автономно возење.

Дигитализацијата е добредојдена во кок-питот на Espace, па возачот пред себе има 10,2-инчна дигитална инструмент табла, додека на централната конзола е достапен 9,3-инчен екран поврзан со новата генерација на Easy Link инфо-забавниот систем.

Renault го истакнува фактот што 60 проценти од купувачите на Espace го избираат луксузниот пакет на опременост Initiale Paris, кој и во освеженото издание го прави достапното најдоброто од францускиот производител.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider