Slider

Вести

Renault продаде 300.000 електрични автомобили во Европа

Slider

Француски Renualt во моментов го има европскиот електричен бестселер Zoe, а со негова помош веќе ја надмина бројката од 300.000 продадени автомобили на електричен погон во Европа

27/07/2020

Француски Renualt во моментов го има европскиот електричен бестселер Zoe, а со негова помош веќе ја надмина бројката од 300.000 продадени автомобили на електричен погон во Европа.

Само година и пол откако одбележа дека е надмината бројката од 200.000 продадени примероци со електричен погон, Renault испорача нови 100.000, со што ја потврди својата определба да биде на врвот меѓу европските брендови во овој сегмент.

Бестселерот Zoe учествува со повеќе од една третина во продажбата на BEV изведбите, а во првите шест месеци е број еден во Европа со 37.540 испорачани примероци. Renault бележи пораст на продажбата во овој сегмент од 38 проценти во истиот период.

Зад Zoe, во рамките на продадените над 300.000 примероци се Kangoo ZE, Twizy, Master ZE и други.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider