Skip to content

Вести

Renault првпат по една деценија заокружи година со финансиска загуба

Renault официјализираше финансиска загуба од 141 милион евра во 2019 година, нешто што на францускиот гигант му се нема случено од 2009 година

14/02/2020

Renault официјализираше финансиска загуба од 141 милион евра во 2019 година, нешто што на францускиот гигант му се нема случено од 2009 година, а сега е потврдено во официјалните финансиски резултати објавени од групацијата. За 30 проценти се намалени и целосните приходи кои стигнале до 2,11 милијарди евра.

Како споредба, Renault ја заврши претходната 2018 година со профит од 3,3 милијарди евра, но очигледно дека годината во која проблеми со законот имаше поранешниот прв човек Карлос Гон била надополнета и со други негативни трендови кои на крајот му донесоа загуба на автомобилскиот производител.

Меѓу причините за ваквиот годишен епилог се и поголема сума издвоена за даноци кон државата, помалото учество во остварената заработка на партнерот Nissan, како и послабите резултати во Кина и повлекувањето од Иран.

Во Renault се надеваат дека оваа година нема да има дополнително зголемување на негативниот тренд поради построгите еколошки норми во ЕУ, процесот на електрификација, но и последиците од корона вирусот бидејќи францускиот производител има фабрика во епицентарот Вухан.

Врз финансиските резултати ќе влијае и работењето на Nissan, а јапонскиот производител вчера објави дека го заокружил првиот квартал со загуба по цела деценија. По неколку месеци Лука де Мео официјално ќе ја преземе CEO функцијата кај Renault, па се очекува да повлече потези кои ќе донесат позитивни ефекти на краток и долг рок.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend